Спектакл пред 94.000 гледачи на “Вембли“: Последниот танц на “Кралот на Циганите“! (ВИДЕО)

799

Вечерва некаде околу 23 часот на “Вембли“ во Лондон и тоа пред 94.000 гледачи, се очекува Тајсон Фјури да ја почне својата последна бокс – борба. Ривал ќе му биде Дилијан Вајт, тоа ќе биде британска битка за шампионскиот појас во ВБЦ верзијата во тешка категорија.

Актуелниот шампион Тајсон Фури, познат и како “Кралот на Циганите“ вели дека ова ќе биде негова последна борба, и токму затоа е тој спектакл во Лондон, нешто невидено, “пламнаа“ сите 94.000 билети за овој бокс – меч, за оваа британска битка.

Фјури сака непоразен да се повлече, се разбира со победа и вечерва. Тој досега има 32 борби, 31 победа од кои 22 со нокаут. Има само една нерешена борба и тоа против Дионтеј Вајлдер.

Сепак Дилијан Вајт и тоа како си има свои квалитети. На тие 30 досегашни борби има 28 победи, од кои 19 со нокаут, има два порази и тоа Џошуа и Поветкин.

Во секој случај време е за мега – спектакл.

Шоуто почнува околу 21 часот со неколку борби претходно, за да главниот настан се очекува да почне околу 23 часот.

ПретходноЃоковиќ загуби сет па се „разбуди“
СледноПолувреме: Без голови на полниот Чаир, Дориев и Гури удрија по “лавовите“…