Ерик тен Хаген ќе го води Манчестер Јунајтед следната сезона, потврди клубот од „Олд Трафорд“. Договорот е потпишан на три години со можност за продолжување на истиот на уште една сезона.
Она што треба Тен Хаг да го направи е да го реконструира Јунајтед во текот на летото затоа што во тој сегмент има многу работа, плус да ги мотивира играчите, но и да ги прилагоди на своите методи на работа. Се споменува дека Холанѓанецот ќе добие околу 200 милиони евра за нови играчи, но и дека дел од играчите ќе бидат продадени и ќе се обезбедат дополнителни средства.
„Јас секогаш ќе останам тоа што сум. Нема да го менувам мојот поглед кон фудбалот. Обично типот на играчи што ги имате го одредува начинот на кој играте, но јас поставувам барања од играчите. Јас одлучувам каква задача ќе има играчот. Ако некој не ги извршува своите задачи, ќе ги сноси последиците, без разлика кој и да е“, изјави Тен Хаг за холандскиот весник „Trouw“.
„Пред да потпишам имам барања околу мојата работа. Ако не се согласуваат со нив не потпишувам. Не сакам да бидам диктатор, сакам да работиме заедно, но сакам да имам контрола и слобода околу трансферите. Тоа е еден од условите кои ги поставив“, вели вториот холандски тренер во историјата на Јунајтед.