Тухел: Немам објаснување за многуте примени голови

126

Менаџерот на Челзи Томас Тухел призна дека не знае повеќе кое лице ќе го види од Челзи на теренот на наредните натпревари. Лондончани загубија три од последните четири домашни средби, но сепак имаат серија од девет успеси по ред како гостин. Во недела „сините“ играат против Вест Хем во второто лонгонско дерби по ред откако во средата изгубија од Арсенал со 2:4.

Тухел потврди дека Ковачиќ и Ридигер поради повреди нема да можат да помогнат.
Не се чувствуваме сигурно за место во топ 4. Никогаш не можеш да се чувствуваш сигурен во Премиер лигата. Тоа е убаво. Ако си сигурен, тоа значи дека не си целосно сконцентриран. По паузата за репрезентациите примивме 12 гола, кое е двојно повеќе од очекуваното. Во повеќе случаи во фудбалот причината е немањето среќа, различните околности и противникот. Дополнително, тоа е сплет на индивидуални грешки, однесување на тимот и пристап во одредени моменти“, коментира Тухел.

Јасно е дека заостануваме зад Манчестер Сити и Ливерпул. Но, необично ми е да дозволам толку многу загуби на домашен терен. Да имаше начин ќе ги сменев сите играчи, но не е така едноставно. Ова се случи против Брентфорд, па против Реал Мадрид. Нашата работа е да ги убедиме навивачите да продолжат да доаѓаат и да продолжат да не поддржуваат“, изјави германскиот менаџер.
Челзи е трет на табелата со 62 бода од 31 меч.

ПретходноБурно во Спортинг: Го обвини тренерот дека го исфрлил од тимот затоа што пости
СледноБаерн уште денес може да ја освои десеттата титула по ред