Во турската Суперлига денеска на мечот меѓу Газиантеп и Гецепе каде нашиот Јаховиќ постигна гол за гостите во ремито 1:1, се случи интересен фер-плеј момент.
Имено, домашните добија пенал во 99. минута, ја поставија топката на белата точка и намерно промашија! На пеналот му претходеше судиска одлука откако голманот на гостите собори еден играч на Газиантеп во својот шеснаесетник, но веднаш покажа дека нема контакт.
Гостите на секој начин се обидоа да објаснат дека не се работи за пенал, но судијата не се откажа од одлуката. Потоа топката на белата точка ја постави Мухамет Демир кој го направи фер-плеј потегот на годината. Тој свесен дека нема пенал, намерно промаши од белата точка, што предизвика овации од трибините, иако домашните навивачи секако сакаа победа.
Gaziantep FK’da Muhammet Demirci penaltıyı kasıtlı olarak auta attı.
90+9 Gaziantep FK 1-1 Göztepe
Göztepe küme düştü.
Maç Linki, Anlık goller ve pozisyonlar için Takip: @GoalHubTR pic.twitter.com/eukvmOBPHZ
— Anlık goller (@Anlikgoller36) April 23, 2022