Халанд чека на Мбапе за да го исполни сонот!

567

Од Ерлинг Халанд и натаму нема потврда дека својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Сити, сака да има отворена врата кон Реал Мадрид, пиштува „АС“. 21-годишниот фудбалер им порача на челниците во Борусија Дортмунд дека сака да си замине, а како две единствени опции засега се токму Реал и Сити.

„Причината е едноставна, Халанд сака да го исполни својот сон за да заигра во белиот дрес, но чека првиот потег да го повлече Килијан Мбапе. Ако се договори со Реал, тогаш Халанд ќе оди во Сити“, пишува „АС“, кој се потпира на блиски извори до норвешкиот репрезентативец.

Но, ниту пак во Реал Мадрид сега не се премногу загреани за него, особено по добрите партии на Карим Бензема, и провизијата која менаџерот Раиола и татко на Халанд ја бараат од Реал.

„Во секој случај, ѕвездата на ПСЖ мора да го повлече галвниот потег, додека францускиот тим се обидува да го обнови договорот. Кога неговиот трансфер во Реал ќе биде потврден, тогаш ќе биде позната новата дестинација на Халанд“, пишува овој медиум.

Медиумите пишаа дека во клаузулата на Халанд стои дека тимот може да го напушти за 75 милиони евра, но од клубот велат дека имаат усмен договор со неговиот менаџер, сумата се движи од 75 до 100 милиони евра.

ПретходноРоналдо уште против Арсенал може да испише историја
СледноФинале на Копа дел Реј: Бетис по првиот трофеј по 17 години