Шкупи е ШАМПИОН: По 21 година титулата е на Чаир…ГОЛЕМО СЛАВЈЕ…

507

Готово е. Чаир слави. Чаир е во екстаза. Шкупи е шампион. По цели 21 години титулата одново е на Чаир. Тимот на Гоце Седлоски успеа да ја победи Ренова со 2:0 и со тоа да има 13 бода предност пред “пандевци“ на четири кола до крајот.

Тоа значи и официјално Шкупи е првак во 30.сезона во самостојна Македонија во ПМФЛ.

Печат на титулата ставијаАдетунџи со гол во 81.минута за 1:0 и Куевен во 90+6.

Честитки за новиот ШАМПИОН на Македонија.

Речиси 6.500 гледачи ако не и 7.000 слават титула на Чаир.

No description available.

No description available.

 

Шкендија со 3:1 ја победи Македонија ЃП. Добра игра на тетовци, од денеска на бившиот шампион. Дориев со двата гола и Гури успеја да слават голема победа.

За гостите стрелец беше Купер.

Тиквеш уште еднаш одличен. Просто го згази Борец со 5:0. Одлилчен настап на четата на Влатко Костов.

Струга Трим Лум и тоа како се врати по поразот од Македонија ЃП во полуфиналето во Купот. Дееска стружани со 4:0 просто го “торпедираа“ Пелистерм и тоа со двата гола на Џобе, а потоа и со головите на Бојку и Кочоски.

Вчера Работнички дома загуби од Скопје со 0:1, додека А. Пандев со 2:1 славеше против Брегалница.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 29.КОЛО

ШКУПИ – РЕНОВА 2:0

(Адетунџи 81./Куевен 90+6.)

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1

(Дориев 17., 68., Гури 20./Купер 77.)

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 4:0

(Џобе 16., 42., Бојку 58., Кочоски 65.,/)

ТИКВЕШ – БОРЕЦ 5:0

(Лазаров 19., 31., Ивановски 59., Љамчевски (п) 73.,Мишов 79 /)

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0:1

А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 2:1

ПретходноАјнтрахт само до бод против Хофенхајм, сензација во Лајпциг! (ВИДЕО)
СледноЧаир грми: ШАМПИОНИ, ШАМПИОНИ….(ВИДЕО)