Екипата на Атланта Хокс ги совлада Мајами Хит со 111:110 благодарение на кошот на Тре Јанг во последните секунди од натпреварот. Мајами можеа да го решат мечот но промашија, топката ја украде Јанг кој го претрча целиот терен си постигна кош кој се покажа како победнички.
Со тоа Атланта поведе со 2:1 во плеј-оф серијата.
А Јанг го заврши мечот со 24 поени, 4 скока и 8 асистенции, а исто поени имаше и Херо од Мајами но со 7 скокови и 4 асистенции.
Милвоки ја врати предноста против Чикаго на 2-1 откако ги совлада во гости со 111:81. Бакс тргнаа фуриозно уште на стартот и по првата четвртина водеше 33:17, потоа постојано ја одржуваше предноста и го приведе мечот до крај.
Ален од Милвоки имаше своја вечер со 22 поени, а кај Чикаго најефикасен беше црногорскиот интернационалец Вучевиќ со 19 поени.
А Феникс исто така ја врати предноста против Њу Орлеанс со 2-1. Феникс славеше во Њу Орлеанс со 114:111. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Њу Орлеанс Инграм со 34 поени, а Мек Колум постигна 30. Кај Феникс најмногу поени постигна Ајтон 28, а имаше и 17 скокови.
TRAE WINS IT FOR THE ATL HAWKS 🧊#NBAPlayoffs presented by Google Pixel pic.twitter.com/JThNbcfb39
— NBA (@NBA) April 23, 2022