По 10. пат едноподруго или вкупно 32. пат во својата клупска историја, Баерн (М) е шампион на Германија. Баварците на три кола пред крајот на сезоната дојдоа до недостижна предност од 12 бода во однос на најлутиот ривал Борусија (Д), откако денеска токму во популарното „Дер Класикер“ дерби славеа над „милионерите“ со 3:1.
Во директната пресметка, тимот на Јилијан Нагелсман потврди дека и оваа сезона им нема рамен во германската фудбалска елита. Баерн денеска поведе со голот на Гнабри во 15. минута, а Левандовски во 34. веќе зголеми и на 2:0.
Со голот на ЕМре Џан од пенал во 52. минута гостите успеаја да намалат на 2:1 и да внесат мала нервоза кај домашните, кои сепак, со голот на Мусиала во 84. минута ставија печат и на победата и на шампионската круна.