ЗАПАД: Дали шансата на Вардар се вика – Тетекс?

1047

 

Попладнево се играат сите мечеви од 24.коло во ВМФЛ- ЗАПАД. Вардар игра дома со Беса, Силекс му гостува на Гостивар, а во дербито се среќаваат Тетекс и Воска. Се чини дека овој меч веријатно ќе биде решавачки за тоа која екипа ќе заврши како втора и ќе игра бараж за пласман во елитата. Имено Вардар ако ја победи Беса, што е реално, тогаш ќе посакува кикс на Воска со Тетекс. Во случај на реми или пораз на Воска, е тогаш во последните три кола ќе има “војна“ меѓу Воска и Вардар, тогаш разликата ќе биде 4 или 3 бода на страната на охриѓани, и се ќе биде можно. Ова е само поради киксот на Воска минатото коло со Гостивар дома.

На останатите два меча се среќаваат Кадино – Кораби и Велешта- Охрид.

ДВОЈКИ ВО ВМФЛ – ЗАПАД ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ВАРДАР – БЕСА

ТЕТЕКС – ВОСКА

ГОСТИВАР – СИЛЕКС

КАДИНО – КОРАБИ

ВЕЛЕШТА – ОХРИД

ТАБЕЛА

Силекс 59, Воска 52, Вардар 46, Тетекс 35,Гостивар 30, Беса 29, Кораби 23, Охрид 22, Велешта 17, Кадино 6

Претходно„Имаш 72 часа да го напуштиш Јунајтед, во спротивно ќе го разнесеме твојот дом“
СледноРома и Мурињо сонуваат за фудбалерот на Јувентус