Без разлика на резултатите на денешните мечеви во ВМФЛ – ИСТОК од 24.коло се чини дека дилемите за врвот инатаму ќе останат.
Сепак прашање е како ќе мине гостувањето на Победа кај Каменица Саса. Во случај на триумф на прилепчани тие и натаму ќе останат во трката за првите две места на табелата.
Беласица игра дома со Пехчево и се освен висока и убедлива победа ќе биде големо изненадување.
Слога Виница која во ова коло влегува како лидер и со еден бод предност пред Беласица и Победа, гостува кај првиот сосед, во Кочани кај Осогово, и е фаворит за освојување на трите бода.
На останатите два меча се среќаваат ТИМ Локомотива – Кожуф и Братство – Детонит.
ДВОЈКИ ВО ВМФЛ – ИСТОК ЗА 24.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)
БЕЛАСИЦА –ПЕХЧЕВО
САСА –ПОБЕДА
ОСОГОВО – СЛОГА (В)
ТИМ ЛОКОМОТИВА – КОЖУФ
БРАТСТВО – ДЕТОНИТ
ТАБЕЛА
Слога (В) 51, Беласица 50, Победа 50, Саса 44, Кожуф 28, Пехчево 27, Осогово 27, Детонит 24, Братство 14, ТИМ Локомотива 6