Ракометарите на Барселона на пет кола пред крајот станаа шампиони

72

Ракометарите на Барселона со победата на гости кај Анаитасуна со 35-34 на пет кола пред крајот на сезоната во шпанското првернство ја обезбедија шампионската титула. Европскиот првак Барселона со тоа стигна до 12-та последователна национална титула или вкупно 29-та во историјата

Барселона има 48 бодови на првото место на табелата, дури 12 повеќе од второпласираниот тим на Бидасоа Ирун.

Каталонците оваа сезона веќе ги освоија Купот и Суперкупот на Шпанија, како и Суперкупот на Каталонија. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите во мај ќе се сретнат со германски Фленсбург.

ПретходноРидигер следната недела ќе објави каде заминува летово, фаворит е Баерн (М)
СледноИ Рангник изненаден зошто Роналдо не го шутираше пеналот против Арсенал