Рангник потврди: Погба заминува од „Олд Трафорд“

161

Завршува љубовта меѓу Пол Погба и Манчестер Јунајтед. Францускиот фудбалер по втор пат ќе го напушти „Олд Трафорд“, а второто заминување скапо ќе го чини клубот. Јунајтед го купи за 105 милиони евра, а сега тој заминува без обештетување. А Погба успеа во вториот мандат да биде многу полош отколку во првиот.
Заминувањето го потврди и актуелниот тренер Ралф Рангник.
Како што стојат работите, Погба нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Тој најверојатно нема да биде тука идната сезона“, рече Рангник.

ПретходноБаерн уште денес може да ја освои десеттата титула по ред
СледноАко се победи Ренова: Ќе “врие“ на Чаир, “шверцерите“ во еуфорија, Шкупи ќе слави титула…