Реал на чекор до Ф4 во Белград

90

Екипата на Реал Мадрид славеше во вториот меч со Макаби дури со 29 кошеви разлика и стигна на чекор до Фајнал-форот во Белград. Четата на Пабло Ласо втор пат во Мадрид го победија Макаби со 95:66 и први поведоа со 2:0 во серијата. Третиот евентуално четвртиот меч се играат во Тел Авив, а евентуалната мајсторка во Мадрид.
На другите четвртфинални натпревари резултатот е 1:1 – Монако направи брејк против Олимпијакос, Баерн против Барселона, а Ефес против Армани.

ПретходноДончиќ и Јокиќ во ТОП 15: Кој е најпродаваниот дрес во НБА оваа сезона?
СледноAтланта со кош во финишот го совлада Мајами, Милвоки поведе против Чикаго