Следната дестинација на Антонио Ридигер ќе биде позната следната недела. Според влијателните англиски медиуми, во моментов за него се заинтересирани шест клуба, а извесно е само дека тој летово ќе го напушти Челзи.
Челзи погоден од руската инвазија во Украина, се обидува да заврши на третото место во Премиер лигата, но Ридигер нема намера да става потпис на нов договор. Германскиот дефанзивец, еден од најслабо платените во лондонскиот тим, ги живее последните денови како играч на Челзи.
Меѓу шесте клубови заинтересирани за него се Манчестер Јунајтед, Баерн, ПСЖ, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, а најголем фаворит е новиот (стар) германски првак, Баерн (М).