Каков меч на Жезус, можеби меч на кариерата за Бразилецот во дресот на Манчестер Сити. Попладнево неговиот тим на „Итихад“ со 5:1 го “сомле“ Ватфорд во меч од 34.коло во Премиер – лигата, Жезус постигна дури четири голови. Петтиот беше дело на Родри, додека за гостите стрелец беше Камара кој успеа само да намали на 2:1 и со тоа да разлути момците на Пеп Гвардиола за да на крајот биде 5:1.
Лестер и Астон Вила одиграа 0:0, додека Њукасл како гостин со 0:3 славеше кај Норвич.