Тренерот на Барселона , Чави Ернандез пред дуелот со Рајо Ваљекљно викендов призна дека на неговиот тим му треба трпение за повторно да се бори за освојување трофеи.
„Вистината е дека утре имаме одлична можност да одседнеме на второто мессто и да одиграме подобро отколку во нашите последни неколку домашни мечеви. Рајо има карактер и константно прави притисок. Ираола е многу добар и храбар тренер кој е од мојата генерација. Треба да знаеме како да излеземе од нивниот притисок, затоа што тоа гарантирано ќе ни се случи. Мора да покажеме карактер и да се обидеме да ги искористиме нашите шанси за почетен гол. Треба да се обидеме да обезбедиме учество во Лигата на шампионите и да се бориме за второто место.
Имаше секакви моменти оваа сезона. Победата од 4-0 на Бернабеу против Реал беше научна фантастика. Имаше и страшни ситуации, како што се многуте случаи на коронавирус во клубот. Треба да разбереме дека сме во ерата по ЛИонел Меси . Тоа е играч кој самиот ги добиваше мечевите. Треба да имаме многу трпение.Треба да се засилиме за следната сезона и да го подобриме стилот на игра, но треба да бидеме и реални. Ние сме во пост Меси ерата и не ни е лесно“ – изјави Чави.
“Tomorrow is another golden opportunity for us”
— Xavi pic.twitter.com/nRPOIjFftr
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 23, 2022