Фудбалерите на Ливерпул го добија градското дерби со Евертон со 2:0 и натаму остануваат на чекор зад лидерот Манчестер Сити во трката за шампионската титула во Премиерлигата. Иако „сините“ од Ливерпул се бранеа одлично, „црвените“ на Јирген Клоп на крајот успеаја во две шанси да дојдат до триумф со кој остануваат рамо до рамо со „граѓаните“ во жестоката битка за шампионската титула.
Робертсон погоди со глава во 62. минута за водство од 1:0, а во 85. минута Дивок Ориги, исто така со глава, го матираше Пикфорд за конечни 2:0. Овој пораз за Евертон го остава во црвената зона од која само неколку победи можат да ги остават во елитата и следната сезона.
Robertson makes it 1-0 #LIVEVE pic.twitter.com/13trDzwEgk
— Real Madrid⚪️ (@realmadrid3412) April 24, 2022
Origi doubles the lead 2-0 #LIVEVE pic.twitter.com/7Rbk50Eplk
— Real Madrid⚪️ (@realmadrid3412) April 24, 2022