Тото Волф му се извини на Хамилтон: Луис извини, знам дека ова не можеше да се вози

1073

Седумкратниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон заврши само на 13-тото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања и повторно ги отвори коментарите дека оваа година нема да биде ни блиску во конкуренција за шампионската титула.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, по трката преку радио-врската му се извини на Хамилтон.

„Луис, извини за она што требаше да го возиш денес. Знам дека не може да се вози. Не заслужуваме ваков резултат. Ова беше ужасна трка, но ќе успееме”, рекол Волф.

Хамилтон одговорил: „Не грижете се, Тото. Само да продолжиме да работиме“.

За Британецот ова е најлошиот пласман во актуелната сезона. На првата трка во Бахреин заврши трет, во Саудиска Арабија беше 10-ти, додека пред две недели во Австралија заврши како четврти.

ПретходноРобертсон и Ориги го држат Ливерпул во шампионска битка (ВИДЕО)
СледноНојер донел одлука: Останува во Баерн уште една сезона