Макс Ферстапен е победник на најновата денеска трка во Формула 1 возена на патеката Имола. На второ место се пласираше неговиот тимски колега од Ред Бул, Серхио Перез, додека пак Ландо Норис од Мекларен заврши како трет.
Возачите на Ферари на домашен терен имаа очаен скор, додека пак слично како нив мина и Луис Хамилтон кој заврши како 14. како што и започна, а беше поминат од првопласираниот за цел круг.