Кристијан Ериксен и покрај тоа што веќе неколку сезони не е член на Тотенхем, тој за фановите на овој клуб од Лондон и натаму е еден од најомилените фудбалери. Данецот кој во изминатите 10 месеци мина низ животен пекол, едвај остана жив поради проблемите со срцето, сега одново игра фудбал, и тоа квалитетен фудбал.
Вчера по мечот меѓу неговиот сегашен клуб Брентфорд и неговиот поранешен тим Тотенхем, ја покажа својата човечка величина. Имено на трибините каде што беа фановите на Тотенхем имаше и човек во количка како држи дрес со името на Ериксен. Данецот тоа го виде, истрча накај него и се потпиша на дресот, тоа беше дрес реплика од времето кога беше член на “Спарси“, на задоволство на самиот фан и сите околу него.
Вреди да се погледне видеото од тој настан.
Навистина Кристијан Ериксен е ГОЛЕМ човек.
Секоја чест…
Christian Eriksen goes over the the away end to sign a shirt for a Spurs fan 😍
You can't not love him 🙌pic.twitter.com/rmkgQ7MRw6
— SPORTbible (@sportbible) April 23, 2022