Кесар: Две години се обидуваме да ја вратиме публиката, она што го доживеавме е фантастично!

407

Пелистер доби уште една битка за зацврстување на лидерското место на табелата во Супер-лигата. Битолчани на домашен терен го совладаа ТФТ со 83-64, благодарение на одличната игра во второто полувреме и неверојатниот Игор Кесар, кој мечот го заврши со 26 поени.

Кошаркарите на Пелистер со добрите партии оваа сезона успеаја на трибините да ги вратат и навивачите, што пак е дополнителен мотив за нив во продолжение на сезоната.

„Сезонава имаме големи проблеми со повредите, не сме комплетни уште од самиот старт на сезоната. Се надевам дека тоа наскоро ќе заврши и уште следниот натпревар ќе можеме да го одиграме во полн состав. Она што го договоривме во соблекувалната, тоа го реализиравме на терен. Втора година се обидуваме да ја вратиме кошарката во Битола, а она што го доживеавме е фантастично. Се надевам дека ваква поддршка од трибините ќе имаме на следните натпревари, во полуфиналето, па зошто да не и во финалето“, изјави Кесар по мечот. 

ПретходноНејмар по освојувањето на титулата со провокација до навивачите
СледноРакометарките со иста цел и во Бекестуа