Македонскиот интернационалец Филип Кузмановски постигна два гола и забележа четири асистенции во поразот на гостувањето кај Гепинген со 31:25 во 22. коло на Бундес лигата. Кузмановски имаше четири шута од кои два завршија во мрежата на противникот, а притоа македонскиот репрезентативец имаше и едно исклучување од две минути.
Хановер останува на 13. место со 19 бода. Во следното коло Хановер и Кузмановски ќе играат против Вецлар и Миркуловски.