Екипата на Милан успеа да освои бодови на едно од најнезгодните гостувања во Серија А, кај Лацио во Рим. „Росонерите“ победија со 2:1 и тоа со пресврт, а победничкиот гол го постигнаа во 93 минута.
Чиро Имобиле го доведе Лацио во водство во 4. минута, но „Росонерите“ изедначија благодарение на голот на Оливие Жиру во 50. минута. Се чинеше дека двете екипи ќе си поделат по бод, а на сцената стапи Сандро Тонали кој ја затресе мрежата на Лацио и донесе бодови за Милан, многу важни во борбата со Интер за титулата.
По ова реми Милан се уште е лидер со 74 бода, два помалку има Интер на второто место но оваа екипа има и меч помалку. Наполи по киксот денеска со Емполи практично остана со мали шанси за првото место затоа што има 67 бода.