Наполи прокоцка победа и се збогува со шансите за Скудето (ВИДЕО)

158

Емполи направи големо изненадување совладувајќи го Наполи со 3:2 во неверојатен натпревар од 34. коло на италијанската Серија А.

Наполи кој на денешното гостување имаше голема предност од два гола на 10 минути пред крајот, успеа да ги прокоцка бодовите и сигурната победа.

Во 44. Минута со голот на Дрис Мертенс, тимот на Спалети дојде во водство од 1:0, а Лоренцо Инсиње погоди за 2:0 во 53. Минута, по што се чинеше дека бодовите сигурно заминуваат во Неапол.

Сепак, гостите направија нереални грешки за да му дозволат на домаќинот да се врати во мечот и да направи пресврт за само неколку минути. Емполи во 80. минута со голот на Хендерсон намали на 2:1, а три минути подоцна Мерет прави катастрофална грешка по која Пинамонти израмни на 2:2.

Неверојатниот пресврт се случи во 88. минута. Пинамонти искористи одлична топка и погоди за 3:2 со што на Наполи му ги урна сите амбиции за Скудетото.

Серија А, 34. коло:

Емполи – Наполи 3:2

Болоња – Удинезе 2:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЕдно добро полувреме за ракометарките во Норвешка
СледноРубљев го запре Ѓоковиќ во Белград