Порто продолжува да пишува историја во португалскиот фудбал. Змејовите моментално се во серија од 58 последователни натпревари без пораз во домашниот шампионат. Тие немаат пораз во првенството на 30 октомври 2020 година (последен пат беа поразени од Пасош Фереира со 3:2).
На овој начин Порто се израмни со големото достигнување на Милан од периодот 1991-1993 година, кога “Росонерите” исто така беа непоразени на 58 натпревари во Серија А, предводени од тренерот Фабио Капело.
Доколку успеат да ја продолжат серијата и на следниот меч против Брага, “змејовите” ќе ги минат миланезите, но апсолутниот рекорд во Европа изгледа недостижен. Истиот беше поставен во 1989 година и го држи Стеауа со 104 меча без пораз.
Тешко дека некој европски клуб ќе успее да го подобри рекордот на Стеауа која од 1986 до 1989 година не загуби ниту еднаш во 104 последователни натпревари во романскиот шампионат.