По пенал – рулетот: Бетис е освојувач на Копа дел Реј! (ВИДЕО)

597

Вечерва на “Ла Картуха“ во Севилја,  во 120.финале во Копа дел Реј, Бетис по подобро изведување на пеналите успеа да ја победи Валенсија и со тоа да го освои пехарот во ова ценето натпреварување во Шпанија.

Инаку во регуларните 90.минути резултатот беше 1:1. Бетис дојде во водство со голот на Иглесијас во 11.минута, но Валенсија преку Дуро израмни во 30.минута.

Па така откако немаше гол ниту во продолженијата се мина на изведување на пенали. И двете екипи во првите три серии беа успешни од белата точка, но Мусах, фудбалерот на Валенсија во четвртата серија топката ја испрати високо над пречката. Во петтата серија Гаја прво погоди за Валенсија со што го израмни резултатот, но последен шутираше Миранда од Бетис, тој успеа да реализира што значеше и победа во Копа дел Реј за “зелените“ од Севилја.

ПретходноЕдноставно непобедлив: Фјури го нокаутира Вајт пред 100.000 гледачи на “Вембли“!(ВИДЕО)
СледноРангник веќе го отпиша Погба, Французинот се огласи!