Пулишиќ донесе три бода за Челзи, Брајтон и Саутемптон ремизираа (ВИДЕО)

63

Во рамките на 34. Коло од Премиерлигата, попладнево во фокусот беше малото лондонско дерби, каде Челзи го совлада Вест Хем Јунајтед со 1-0.

Андриј Јармоленко на 20. минути пред крајот имаше шанса да го доведе Вест Хем во водство, но Менди фантастично го одбрани неговиот удар. Пет минути подоцна Челзи пропушти шанса преку Тимо Вернер За во финишот да биде досуден пенал за Челзи, а Досон доби црвен картон. Жоргињо ја презеде одговорноста, но неговиот удар по средината на голот го одбрани Фабијански.

И кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, Кристијан Пулишиќ во 90. минута погоди за големи три бода на Челзи со кои се доближи до освојување на третото место.

ПРЕМИЕРЛИГА – 34. КОЛО

Челзи – Вест Хем 1:0

Барнли – Волвс 1:0

Брајтон – Саутемптон 2:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноФерстапен број еден во Имола
СледноЕдно добро полувреме за ракометарките во Норвешка