Ракометарките со иста цел и во Бекестуа

85

Македонската ракометна женска репрезентација денеска (16 часот) во Бекестуа го игра реванш дуелот против Норвешка во рамките на ЕХФ Купот. Избраничките на Љубомир Савевски на првата средба во Скопје беа поразени со 18-24, резултат кој е далеку од сликата на теренот.

Нашите ракометарки против актуелниот европски и светски првак иако беа некомплетни, сепак се покажаа во добро светло. До 49. минута беа рамноправен противник, не им дозволија на Норвежнките комотно да се „шетаат“ на теренот.

Ваквата игра им дава мотив за нова добра партија, предводникот на нашиот национален тим беше задоволен од играта, со оглед на бројните технички грешки и промашени чисти шанси против едно име како што е Норвешка во светот на жеснкиот ракомет.

„Сметам дека на првиот меч покажавме борбеност, желба за успех и се надевам дека со секој следен натпревар со сите сили ќе се обидеме да го постигнеме тоа што уште малку ни недостасува во играта. Секој го дава максимумот од нас и нема штедење. Наша работа е гордо да го носиме дресот на нашата држава. Сигурна сум дека најдоброто од нас допрва доаѓа. Норвешка е драгоцено искуство за нас и сметам дека тоа треба да го искористиме на најдобар можен начин и да постигнеме добар резултат. Жалам што дома не успеавме да направиме подобар резултат, но имаме можност тоа да го корегираме на вториот меч“, изјави голманката Јована Мицевска.

ПретходноКесар: Две години се обидуваме да ја вратиме публиката, она што го доживеавме е фантастично!
СледноВелигден и Рамазан се споија во титула на Чаир! (ФОТОГАЛЕРИЈА)