Робертсон и Ориги го држат Ливерпул во шампионска битка (ВИДЕО)

145

Фудбалерите на Ливерпул го добија градското дерби со Евертон со 2:0 и натаму остануваат на чекор зад лидерот Манчестер Сити во трката за шампионската титула во Премиерлигата. Иако „сините“ од Ливерпул се бранеа одлично, „црвените“ на Јирген Клоп на крајот успеаја во две шанси да дојдат до триумф со кој остануваат рамо до рамо со „граѓаните“ во жестоката битка за шампионската титула.

Робертсон погоди со глава во 62. минута за водство од 1:0, а во 85. минута Дивок Ориги, исто така со глава, го матираше Пикфорд за конечни 2:0. Овој пораз за Евертон го остава во црвената зона од која само неколку победи можат да ги остават во елитата и следната сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДе Лаурентис наредил: Елмас и соиграчите од вторник во карантин до крајот на сезоната
СледноТото Волф му се извини на Хамилтон: Луис извини, знам дека ова не можеше да се вози