Рубљев го запре Ѓоковиќ во Белград

133

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е поразен во финалето на Србија Опен во Белград. Ѓоковиќ не успеа по третпат во кариерата да го освои силниот турнир од серијата АТП 250.

Српскиот ас во финалето загуби од осмиот играч на планетата Андреј Рубљев со 6:2, 6:7, 6:0. Новак по четвртипат на турнирот не можеше да дојде до пресврт, како што тоа го направи во дуелите со Ласло Џере, Миомир Кецмановиќ и Карен Хачанов.

Рубљев на тој начин стигна до 11-та титула во кариерата, трета сезонава, по оние во Марсеј и Дубаи.

ПретходноНаполи прокоцка победа и се збогува со шансите за Скудето (ВИДЕО)
СледноПорто го израмни и рекордот на Милан