Направија сензација со тоа што ја победија Барселона со 1:0 на домашен терен во октомври минатата година, а вечерва направија чудо со триумфот од 1:0 над Барселона на „ Ноу Камп“. Значи двојна победа на Рајо Ваљекано над Барса сезонава во рамките на Ла Лига.
На првиот меч блескаше Столе Димитриевски кој одбрани и пенал, а вечерва одново фантастична партија на македонскиот репрезентативец.
Уште во седмата минута Рајо поведе, а стрелец на голот е Алваро Гарсија (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).
Димитриевски одбрани удари на Араухо, Гави, Депај, а најзначајните во судиското продолжение на Алба и на Траоре. Рајо имаа и среќа затоа што играчите на домашниот тим два пати ја погодија стативата, а голот на Феран Торес е поништен поради офсајд.
Во 89. минута се случи спорен момент кога Гави падна во дуел со еден играч на Рајо и бараше пенал, но не го доби. (ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТАА СИТУАЦИЈА ОВДЕ).
Ова е прва победа на Рајо на „Ноу Камп“ по пауза од 22 години.
Барселона е втора со 63 бода и го забележа шестиот пораз, а Рајо е на 11. позиција со 40 бода и 11 победи.