Томас Милер го истушира со пиво поранешниот соиграч (ВИДЕО)

565

Баерн Минхен ја освои десетата титула во низа во Бундес-лигата. Баварскиот гигант ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1, доволно за нов пехар.

По завршување на мечот на теренот на големо се славеше големиот успех, секако пивото беше неизбежен дел. Во центарот на вниманието се најде Томас Милер, кој го „осипа“ со пиво поранешниот соиграч Бастијан Швајнштајгер, кој пак беше во улога на коментатор на овој дуел.

„Томас Милер прави работу во стилот на Томас Милер. Ти благодарам за туширањето пријателе. Ќе ти вратам за ова“, порача поранешниот фудбалер на Баерн.

ПретходноПотоп на Дурент и Ирвинг, несреќен кам-бек на Дончиќ (ВИДЕО)
СледноНејмар по освојувањето на титулата со провокација до навивачите