Фјури за мечот со Вајт заработи 24,5 милиони фунти! (ВИДЕО)

250

Речиси 100.000 гледачи на “Вембли“ во Лондон присуствуваа на гоемиот спектакл, веројатно на последната борба на светскиот шампион во бокс во тешка категорија во ВБЦ верзијата Тајсон Фјури. Тој во 6 рунда го нокаутираше предизвикувачот Дилијан Вајт и со тоа го одбрани шампионскиот појас.

Сепак фановите на боксот секако дека ќе ги интересира вкупната заработка на двајцата боксери од овој меч.

Па така, како што пренесуваат медиумите на Островот, “Кралот на Циганите“ ја наполни својата сметка за уште 24,5 милиони фунти, додека Дилијан Вајт за оваа борба ќе биде побогат за “само“ 5,5 милиони фунти.

ПретходноАТП и ВТА му подготвуваат голем удар на Вимблдон!
СледноФерстапен број еден во Имола