Екипата на Херта освои важни бодови во борбата за опстанок. Берлинскиот тим го победи Штутгарт со 2:0 во директен дуел за опстанок со головите на Зелке во 4. минута и на Белфодил во 93. минута.
По 31. коло, Херта е на 15. позиција со 32 бода, четири повеќе од Штутгарт кој е на 16. место кое води во баражот за опстанок. Претпоследната Арминија има 26 бода, а последниот Гројтер има само 17 бодови. Последните двајца директно одат во понизок ранг.
И покрај победата Херта се уште не е сигурна. Само фати подобра позиција. До крајот има уште три кола, а Херта ќе игра со Арминија во гости, потоа со Мајнц дома и со Борусија Дортмунд во гости.
Штутгарт има потежок распоред. Прво ќе игра со Волфсбург, потоа со Баерн во Минхен, па во последното коло со Келн.