Шкупи од настапот во Европа ова лето веќе заработи најмалку 900.000 евра!

1750

Откако вчера и официјално стана шампион на Македонија, Шкупи ова лето и дефинитивно после 21 година, ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите. Со оглед на тоа дека има низок рејтинг, чаирчани на ждрепката за 1.квалификациско коло, која ќе се одржи на 14 јуни, ќе се најдат во групата на неносители.

Мечевите од 1.квалификациско коло се играат на 5/6 и 12/13 јули.

Кога станува збор за парите, тука нема дилеми. Чаирчани и тоа како добро ќе ја наполнат клупската каса, сепак тука мислиме за наши услови.

Имено Шкупи има загарантирани најмалку четири натпревари, а тоа значи дека ќе заработи од УЕФА најмалку 900.000 евра.

Како тоа?

Настапот во 1.квалификациско коло во ЛШ носи најмалку 550.000 евра. Во случај на елиминација на нашиот шампион уште на стартот, тогаш чаирчани ќе настапат во 2.квалификациско коло во Лигата на Конфернеции, а тука ќе се заработи најмалку уште 350.000 евра.

Секако дека со оглед амбициите на клубот, веруваме дека тимот на Гоце Седлоски ќе мине барем едно коло во ЛШ или ЛЕ, а тогаш заработката би била најмалку уште половина милион евра.

Убаво е кога си шампион. Не само што си главен фраер во мак – фудбалот, туку и поради парите.

ПретходноЕве зошто Кристијан Ериксен е ГОЛЕМ човек! (ВИДЕО)
СледноСилекс следниот викенд и официјално може да стане прволигаш!