АТП и ВТА му подготвуваат голем удар на Вимблдон!

506

Контраверзната одлука на челниците на Вимблдон, најголемиот и најпознат тениски турнири во светот, да им се забрани на настап на тенисерите од Русија и Белорусија, наидува на голема осуда.

Голем број познати фаци, сегашни и некогашни големи тенисери јавно си го кажаа своето мислење, меѓу нив беше и една Мартина Навратилова, но тешко дека одлуката ќе биде промената.

Па токму затоа АТП и ВТА, двете тениски организации имаат намера да се здружат и да донесат една одлука со која ќе ми зададат голем удар на Вимблдон.

Имено тие имаат намера да не ги смеатаат бодовите освоени на овој турнир во составување на ранг листата. Што значи ако ова се оствари, тогаш Вимблдон оваа година ќе биде само егзибициски турнир, дека нема бодовите да се впишуваат во АТП и ВТА листите.

ПретходноЖоакин во солзи се прости од фудбалот
СледноФјури за мечот со Вајт заработи 24,5 милиони фунти! (ВИДЕО)