Нејмар по освојувањето на титулата со провокација до навивачите

329

ПСЖ освои нова титула, но навивачите немаа причина за славење. Во знак на протест синоќа порано го напуштија стадионот, со што им испратија порака на фудбалерите и раководството на клубот.

За време на натпреварот Нејмар неколку пати беше исвиркуван од страна на фановите, а по завршување на истиот тој имаше порака до нив.

„За свирежите? Ќе се уморат, бидејќи имам уште три години договор тука, подобро ќе биде да престанат“, порача Нејмар.

Навивачите на ПСЖ му замерија на Нејмар за неговиот непрофесионален начин на живот, како и за игрите под неговото ниво.

ПСЖ и оваа сезона разочара во Лигата на шампиони, а Нејмар беше еден од најслабите играчи во реваншот против Реал Мадирд.

ПретходноТомас Милер го истушира со пиво поранешниот соиграч (ВИДЕО)
СледноКесар: Две години се обидуваме да ја вратиме публиката, она што го доживеавме е фантастично!