Првиот голман на Баерн (М), Мануел Нојер ќе го продолжи договорот со клубот до летото 2024 година, објави новинарот Николо Шира.
Актуелниот договор на 36-годишниот фудбалер истекува во јуни 2023 и имаше најава дека тој може да го апушти клубот уште ова лето. Сепак, Нојер нема проблем со престојот во Минхен и решил да го прифати новиот договор на минхенскиот клуб.
Нојер е во Баерн од 2011 година.