Рангник веќе го отпиша Погба, Французинот се огласи!

507

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека Пол Погба ќе го пропушти остатокот од сезоната. Французинот се повреди во поразот од Ливерпул, а не беше во составот ниту против Арсенал.

Иако тренерот на „црвените ѓаволи“ најави дека за него оваа сезона е завршена, сепак тој најави кам-бек пред крајот на истата.

„Апсолутно сум исцрпен што нема да можам да му помогнам на тимот на денешниот натпревар. Ќе работам уште повеќе за да се вратам посилен и се надевам пред крајот на сезоната. Не е готово. Ви благодариме на сите за поддршката“, пиша Французинот.

Се верува дека Реал Мадрид и ПСЖ во моментов се заинтересирани за поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, кој го чека најмалку четири недели закрепнување.

„Бидејќи последниот натпревар е на крајот на мај, мислам дека има мали шанси Погба повторно да игра оваа сезона“, призна денеска Рангник, кој од летото ќе му го препушти местото на Холанѓанецот Ерик тен Хаген.

ПретходноПо пенал – рулетот: Бетис е освојувач на Копа дел Реј! (ВИДЕО)
СледноДембеле се издаде на Инстаграм!