Силекс следниот викенд и официјално може да стане прволигаш!

785

Се чини во ВМФЛ – ЗАПАД, по вчерашните резултати од 24.коло, веќе нема дилеми. Силекс е на чекор до враќање во елитата, и тоа експресно по само една сезона мината во второлигашкото друштво.

По вчерашниот триумф над Гостивар на негов терен, момците на тренерот Горазд Михаилов сега имаат 7 бодови предност пред втората Воска Спорт, а до крајот има да се играат уште три кола.

В сабота во Кратово на гости доаѓа Тетекс, и во случај на триумф тогаш се ќе биде готово, Силекс и официјално ќе се најде во друштво во мак – елитата за следната сезона. Впрочем таму каде што и му е местото.

Иако има уште да се игра до крајот на оваа, може да се каже дека во Силекс сите треба да бидат задоволни од сезоната. Не само што беа подобри од Воска Спорт и пред се од Вардар во ВМФЛ – ЗАПАД, туку се пласираа и во големото финале во Купот на Македонија, каде за ривал на 20 мај на Арената во Скопје, ќе ја имаат екипата на Македонија ЃП.

Тоа ќе биде меч во кој кратовци ќе го бранат трофејот освоен во минатото финале против А. Пандев.

ПретходноШкупи од настапот во Европа ова лето веќе заработи најмалку 900.000 евра!
СледноСалернитана победи кога мораше