Баерн Минхен ја освои десетата титула во низа во Бундес-лигата. Баварскиот гигант ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1, доволно за нов пехар.
По завршување на мечот на теренот на големо се славеше големиот успех, секако пивото беше неизбежен дел. Во центарот на вниманието се најде Томас Милер, кој го „осипа“ со пиво поранешниот соиграч Бастијан Швајнштајгер, кој пак беше во улога на коментатор на овој дуел.
„Томас Милер прави работу во стилот на Томас Милер. Ти благодарам за туширањето пријателе. Ќе ти вратам за ова“, порача поранешниот фудбалер на Баерн.
Thomas Müller is doing Thomas Müller things. Thanks for the shower, my friend! I’ll get you for that 😂 @esmuellert_ pic.twitter.com/9oAskXYORu
— Bastian Schweinsteiger (@BSchweinsteiger) April 23, 2022