Ференцварош ја одбрани титулата во Унгарија

113

Екипата на Ференцварош е нов (стар) шампион на Унгарија откако вечерва со победата над Ујпешт со 2:1 ја запечати новата титула. Ференцварош има 62 бода на чело на табелата, 13 повеќе од вториот и третиот Кишварда односно Академија Пушкаш, а до крајот има уште четири кола.

Ова е севкупно 33 шампионска титула за Ференцварош, а четврта по ред. Тој е и најтрофеен клуб во Унгарија.

Ференцварош може да се закити и со двојна круна затоа што на 11 мај игра финале во Купот против Пакс.

ПретходноХерта победи и го турка Штутгарт кон Втората лига
СледноМилан со гол во последните секунди го совлада Лацио во Рим (видео)