Битола се подготвува за Вардар 1961, сонува титула!

2608

Е. Пелистер и Битола на големо се подготвуваат за дуелот со Вардар 1961 закажан за први мај во салата “Боро Чурлевски”. Овој натпревар ќе го даде името на македонскиот шампион за оваа сезона. Откако битолчани си заминаа со цел плен од Скопје се најдоа на чекор до остварување на сонот, – титула. Токму затоа пред мечот ќе има и фан-зона како загревање за главната битка, оние што нема да можат да бидат во сала мечот ќе можат да го проследат во офицерскиот дом. Деталите можете да ги прочитате во продолжение…

ФАН-ЗОНА на РК Е. Пелистер Недела, 1 мај (14:00 часот) – плато на Офицерски дом – Битола.

Пред натпреварот од седмото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 (недела, 1 мај 19:00 часот), организаторот подготвува голем ракометен хепенинг и отворена фан-зона..

*вкусна храна и ладно пиво

*забавно музичка програма и настапи во живо

*продажба на дресови, шалови и останати производи со заштитниот знак на клубот

*наградна игра и забавно катче за најмладите

* заедничко следење на натпреварот на видео-бим.

ПретходноБруталниот нокаут на Фјури уште еднаш: Забот на Вајт полета кон гледачите! (ВИДЕО)
СледноЛеонардо по најавите дека ќе добие отказ во ПСЖ: Со мене е тешко, без мене ќе биде невозможно!