Погледнете го ремек-делото на Леонида Гичевска против Норвешка (ВИДЕО)

1431

Македонската ракометна женска репрезентација со шест порази во исто толку одиграни натпревари го заврши ЕХФ Купот. Избраничките на Љубомир Савевски беа совладани на вториот дуел против актуелниот и светски првак, овој пат на гости со 32-27.

И на оваа средба „црвено-жолтите“ имаа добри моменти, исто како во Скопје. Во првото полувреме дури и водеа против Норвешка, сила изгубија во вториот дел. Атракциите и убавите погодоци од страна на нашите ракометарки не беа изоставени, едно ремек-дело за почит имаше Леонида Гичевска.

Македонската репрезентативка мечот го заврши со четири погодоци од шест обиди.

ПретходноЧави по поразот од Столе: Лут сум, направив грешка!
СледноРомано ја потврди првата „бомба“ на Реал Мадрид