Португалска Бенфика е освојувач на младинската Лига на шампион за сезоната 2021/22 откако вечерва во финалето го совлада Ред Бул Салцбург со 6:0. Мечот се одигра на Коловреј стадионот во Нион (Швајцарија), а Бенфика забележа убедлива победа. Хет-трик постигна Енрике Араухо, а по еден дадоа Луис Семедо, потоа играчите за врска Мартим Нето и Чер Ндур.
За Бенфика ова е прва титула во младинската ЛШ во четвртото свое финале. Претходните три ги изгуби, во 2019/20 од Реал Мадрид, во 2016/17 од Салцбург и во првото издание во 2013/14 доживеаа пораз од Барселона.