Инфарктен беше финишот на “Олимпико“ во Рим. На Милан во битката за титулата на гостувањето кај Лацио му требаше победа и дојде до неа на самиот крај. Радоста и еуфоријата кај сите во клубот и немаше крај, но само еден човек седеше сам по мечот и плачеше како дете.
Тоа беше спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара. Сите се сложуваат дека овој на гигантот од Милано е негово дело, и без разлика дали ќе биде шампион или не Милан, неговата работа е перфектно одработено.
Јасно е дека емоциите проработија кај Масара…затоа се тука и солзите.
Sto piangendo… pic.twitter.com/5CtilWfmYd
— I Need Mubadala (@PelvicoMilan) April 24, 2022