Е.Пелистер во новата сезона дефинитивно ќе има поинаков изглед. Македонскиот вицепрвак и битолска гордост во составот ќе нема еден од најдобрите ракометари.
Јосип Божиќ Павлетиќ се сели во Франција во тимот Трембле со кого потпиша двегодишен договор. Повремениот хрватски репрезентативец е еден од најстандарните играчи во дресот на Е.Пелистер, во Европската лига вкупно 21 погодок.
Од претходно веќе беше познато дека Јосип Периќ, Матео Мараш, Немања Обрадовиќ и Мартон Секељ ќе го засилат Татабања, Реиние Табоада оди во данскиот тим Фредериција.