Некогаш, во Источна Германија, беше синоним за фудбал, веројатно најгoлемиот клуб во државата која сега ја нема. Во заедничка Германија не можеше да се снајде, тавореше на дното на германскиот фудбал, а дека има фанови и тоа како, доказ е она што вчера и синоќа се случи на стадионот на Магдебург и истоимениот град.
Со победата над Цвикау, тимот на Магдебург и официјално избори пласман во 2.Бундеслига, а фановите од радост просто “полудеа“ и испија тони и тони пиво. Потоа
избија прво нереди на самиот стадион при прославата, за да потоа тие се проширија во центарот на градот. На нив имаше и неколку ранети и повредени полицајци.
Се употребуваа од страна на органите на редот и водени топови, имаше огномет, фрлање на шишиња и камења по полицајците, запаливи средста. Беше навистина страшно.
Ете и Германија не е тоа што беше.
Барем не во поглед на својата дисциплина.
JAAAAAAAAAAAAAAAAA!!!!!! pic.twitter.com/I0uCqWEWol
— 1. FC Magdeburg (@1_FCM) April 24, 2022