Каков кикс: Буфон го имаше најлошиот потег во кариерата! (видео)

636

Парма вечерва игра против Перуџа во гости и на полувреме губи со 2:0. Двата гола ги прими во првите седум минути. Прво од пенал, а потоа по еден неверојатен кикс на искусниот голман Џиџи Буфон. Еден од најдобрите голмани на сите времиња вечерва го имаше најсрамиот потег во својата кариера. Во седмата минута истрча да спречи контра напад на противничката екипа, меѓутоа несфатливо ја подаде назад каде што немаше никој, а противничкиот напаѓач Оливиери стигна и ја смести топката во мрежата.

ПретходноГвардиола: Треба да одиграме два супер натпревари за да се пласираме во финалето
СледноДест, по се изгледа, ја заврши сезоната