Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко размислува да се врати во боксерскиот ринг.
Два дена по објавата на британскиот светски шампион Тајсон Фјури дека става крај на спортската кариера, 46-годишниот Кличко во интервју за „Билд“ најави дека ќе се обиде да се врати на профи-рингот.
„Зошто да не, ако сум во добра форма. Можеби ќе сонувам да го соборам рекордот на Џорџ Форман. Дефинитивно тоа многу ме мотивира кога станувам и спортувам секое утро“, изјави Украинецот.
Кличко пред неколку години изјави дека за него би било предизвик да го собори рекордот на Форман и да стане најстариот боксер во историјата кој се бори за светската титула, но нагласи дека не планира да го стори тоа.
Форман имаше 45 години, девет месеци и 25 дена кога го победи 18-годишниот сонародник Мајкл Мурер и ги освои ремените во верзиите на WBF и IBF.